Синоќа во легенарното филмско студио „Чинечита“ во Рим, Карл Лагерфелд ја прикажа новата пред-есенска колекција на „Шанел“ од серијата Metiers d’Art. Наречена „Париз-Рим“, преку колекцијата Карл го пренесе духот на Париз во Рим во форма на спектакуларна ревија. Покрај претставувањето на новите креации, во иконскиот град „Чинечита“, поточно во студиото „Театро 5“ кое му било омилено на Фелини, беше прикажан и новиот краток филм Once and Forever. Во него Лагерфелд раскажува нова приказна за Коко Шанел, а во улогата на славната дизајнерка се појавуваат Кристен Стјуарт и Џералдина Чаплин.
Сценографијата за ревијата на „Шанел“ е направена да потсетува на ноќна прошетна низ некоја од париските улици во 60-тите години, а во тој дух се и модните парчиња и целосниот изглед. Лагерфелд изјави дека е вљубен во италијанскиот филм од раните 60-ти, па за колекцијата се инспирира од француските актерки Роми Шнајдер и Анум Еме кои носеле модели од „Шанел“ во италијанските филмови од таа декада – француски шик апдејтуван со кожени здолништа, широки морнарски панталони, фустани од твид како верзија на познатиот костим и блузи на пруги украсени со светки. Во вечерните варијанти видовме фустани кои се микс на викторијански со стилот од 60-тите со набори и високо деколте, како и кожени креации со познатото шанелово ватирање.
Нема коментари