Либанскиот дизајнер Ели Саб на Париската недела на висока мода прикажа сомлива и носталгична колеција на светкави и полупроѕирни тоалети во шеќерни бои украсени со набори и пердуви, а претставувањето на креациите за пролет 2015 го заврши со венчален фустан кој изгледа како да е обоен со акварел. За новата модна визија Саб инспирација најде во своето детство во Бејрут, но и во магичните горски нимфи – дриадите. „Етеричните ткаенини од оваа колекција се олицетворение на моето детство и на летното ветре. Нежно зелена како мовта покрај изворите, бледо сина како магливиот хоризонт, жолта како цвет на мимоза, кафена како влажната почва“, вели дизајнерот. Хероината на Саб е горска нимфа која чекори на модната писта која е претворена во магична шума. Превземајќи влијанија од 60-тите и 70-тите години, Саб прави колекција на заоблена силуета, свилени фустани на кои се испечатени лалиња и деликатна палета од пудресто розова, бебешко сина и металик тонови. Употребува како кратка, така и макси должина, а по серијата пастелне и етерични тоалети претставува црни креации и фустани со крупен светен дезен.
Нема коментари