Дизајнерката Каролина Херера деновиве ја прикажа последната колекција за пролет-лето 2015, а во следново видео за New York Times открива како се создаваа новите модни парчиња, како изгледа продукцијата на една модна ревија, но и дека главната инспирација за колекцијата е лалето. Седумдесет и шест годишната дизајнерка, препознатлива по тоа што најчесто носи бела еднoставна кошула, ги надгледува сите фази од создавањето на колекцијата, од почетната инспирација до моментот кога по успешната ревија се поклонува пред публиката. Во написот откриваме и неколку инсајдерски информации за модните ревии – на пример, тоа дека цената за една ваква ревија, вклучивајќи наем на простор во Линколн центарот, хонорари за манекенките, шминкерите, фризерите, продуцентите и останатите трошоци е околу ден милион долари. А целата ревија трае само 12 минути! Почнувајќи од една идеја – лалето, Каролина и креативниот директор на нејзината модна куќа Ерве Пјер, создале 45 аутфити за ревијата. Главна нишка на последната колекција е графички принтови на цвеќиња, елегантна силуета и елементи на експериментирање со формите, материјалите и везовите.
Каролина заедно со креативниот директор на нејзината модна куќа, Ерве Пјер, го набљудува фитингот на креација од новата колекција
Дизајнерката во своето студио
Каролина со Ерве и својата ќерка Патриша Херера Ленсинг на главната проба пред ревија
Херера и нејзиниот тим задоволни од текот на подготовките
Зад сцената од ревијата што се одрќа во Линколн центарот во Њујорк
Поклонување пред публиката
Нема коментари