Четириесет и четири годишната супермоделка Наоми Кембел се појави на последната модна ревија на Жан Пол Готје како букет цвеќе завиткано во целофан. Кембел беше главна гостинка на пистата на ревијата на Gaultier Paris прикажана на Париската недела на висока мода. „Наоми првпат ја ангажирав кога имаше 17 години“, изјави дизајнерот за кастингот составен од нови манекенски имиња и модели што ги ангажирал уште на почетокот на неговата кариера.
Францускиот дизајнер Готје периодов одлучи да се сконцентрира само на својата колекција на висока мода и повеќе нема претствавува колекции со предзнакот prêt-a-porter. Фокусот само на haute couture за него значи усовршување на техниките и на рачната изработка, што вели дека е неверојатна привилегија. Во новата кутур колекција за пролет 2015 прикажа само нему својствен гламур со доза на хумор и необични кроеви, редизајнирање на класични теми на сосема неконвенционален Готје-начин. Само тој може да одлучи да претстави не само венчални фустани, туку и облека за развод. Еве неколку сцени од модната ревија направени од бекстејџ, на писта и во првиот ред во кој седеа Кетрин Денев, Дита Фон Тис, Карла Бруни Саркози, ама и Кончита Вурст.
Нема коментари