Викоријанските палта со црни мониста, раскошните кадифени фустани, крзнените палта и принтот на паун ја отелотворуваат готската романтика на Рикардо Тиши во новата колекција за брендот „Живанши“. На ревијата на модната недела во Париз прикажа модни парчиња за есен-зима 2015/16 во темни бои во кои спојува готика со улична и со чола-естетика, а највпечатлив дел беа украсите на лицата на манекенките. Тиши и претходно играл со темата на пирсинг на лицата на своите манекени, но сега оди неколку чекори подалеку и прикажа микс на африкански пирсинг и винтиџ накит како украс на лицето. Колекцијата содржи корсетирани фустани, палта и крој преземени од викторијанскиот машки костум, крзно во боја, драматични капути, набрани и миди здолништа, а дизајнерот прикажа и светкави вечерни тоалети.
Нема коментари