Модата како огледало, заедницата како сцена – започна 30 јубилејно издание на Моден викенд Скопје
Под слоганот „Community” вчеравечер започна јубилејното 30-то издание ма Моден викенд Скопје (Fashion Weekend Skopje powered by UNIBank), во годинешната локација – Diamond Residence Carat West Office. Модниот настан беше отворен со изложбата „Community” курирана во соработка со Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) со која 15 уметници, Доротеј Нешовски, Слободан Милошески, Перо Кованцалиев, Никола Смилков, Синиша Новески, Нела Стојчевска, Татјана Ристовска, Озбек Ајваз со скулптури, инсталации и видео-дела поставија еден нов контекст дека модата, како и уметноста, е огледало на вредностите што ги делиме. Следеше водеопрограмата „Фемина” со дела од Јана Манева-Чупоска, Жанета Вангели, Ирена Паскали, Весна Стефановска, Ивана Самандова, Ана Вчкова, Ѓорѓе Јовановиќ која ја отвори темата за женскиот глас, телото и процесот на креација.
Првата ревија беше онаа на победниците од натпреварот Past2Future Fashion, што годинава прерасна во регионален настан поддржан од Metropolitan University и Амбасадата на Република Словенија. Се претставија Тим Понграц и Хана Крнц од Словенија, Јана Станишиќ и Доротеа Сушиќ од Србија и Инес Бариќ од Хрватска.
Секоја од колекциите не само што беше технички и естетски зрела, туку носеше и свој став – за идентитетот, за корените, за екологијата, за телото како спомен и отпор. Од панк-естетика испреплетена со балканската баба како лајтмотив, до колекции изработени од текстилот на бабиниот мираз, од интерпретација на словенечки митови до современи везови инспирирани од Сирогојно – младите дизајнери не нѐ носеа само напред, туку нѐ вратија дома, редефинирајќи што значи „наследство” во модата.
Брендот ERA ANGELA на дизајнерката Вера Ангелакова ја претстави својата колекција Ethereal Essence е инспирирана од жени чија женственост се чувствува речиси божествена, како сон или мистична визија. Колекцијата се одликува со издолжени силуети, нежни детали, блескави тонови и аура на рафинирана женственост.
Зад GEORGIYA стои дизајнерот Ѓорѓи Петрушев кој ја претстави својата втора колекција, која е инспирирана од раскошот и елеганцијата на Марија Антоанета и модата од 18 век. Оваа колекција ја доловува суштината на кралската софистицираност и рафинираната убавина. Дизајните зрачат со чувство на безвременска величина, со силуети инспирирани од корсет и сложени детали кои го одразуваат раскошот на минатото.
Како генерален партнер, УНИБанка ја поддржува визијата на FWSK за мода што го надминува гламурот и го рефлектира пулсот на заедницата.
FWSK30 powered by UNIBank не започна. FWSK30 се движи. И тоа во правец што не го диктираат трендовите, туку луѓето.
Со посебна благодарност до партнери на FWSK30:
Perwoll Renew, Mартимекс, MARTINI Fiero, oфицијален партнер за шминка Pierre Cardin во соработка со СУГС „Димитар Влахов”, Schweppes, oфициjален партнер за фризурa Got2B во соработка со СУГС „Димитар Влахов”, Венеција Прилеп.
Проектни партнери: DLUM, Sinoz, Green Land Group, Имлек Протеин, Моно бар, Zio Cold brew, Обуча Метро, KP Chairs, Аманти паста и вода Маyа.
Нема коментари