Инспириран од сликарот Џон Еверет Миле и неговото дело „Офелија“ белгискиот дизајнер Дрис Ван Нотен во Париз прикажа експлозија на бои и принтови, јаки нијанси и облека со интересна текстура. Прерафаелитскиот стил на Миле во колекцијата на Ван Нотен за пролет-лето 2015 добива изглед на шарена бохо облека во која доминираат цветови, бои, принтови, линии. На пистата која изгледаше како да е покриена со трева, дизајнерот прикажа своја визија за хипи фантазија. Видеото од вчерашната ревија во рамките на Париската модна недела најдобро ја илустрира колекцијата и атмосферата.
Нема коментари