Модниот двоец Доменико Долче и Стефано Габана и во новата колекција за пролет-лето 2015 ја продолжуваат својата италијанска страст и модната опсесија за Сицилија, бо овојпат додадоа нова тема – влијанието на шпанската култура врз сицилијанското културолошко наследство во период меѓу 16 и 18 век. За да ги претстават сличностите и разликите меѓу Шпанија и Италија тие понудија моден микс од богато везени болера, накитени тореадорски наметки, фламенко-здолништа, палета од црвена, црна и бела боја со метри сицилијанска тантела, раскошни корсети и спектакуларни златни декорации. Сето тоа е збогатено со многу цветови и стајлинг во медитернаски стил, што истовремено реферира и на двете земји.
Нема коментари