Италијанската модна куќа „Валентино“ вчеравечер во Њујорк прикажа ревија на ексклузивна колекција на висока мода по повод отворањето на големиот бутик на брендот на Петта авенија. Во присуство на основачот на куќата, Валентино Гаравани, кој седеше во првиот ред покрај актерката Кејти Холмс будно ја следеше колекцијата наречена Sala Bianca 945, омаж на неговата бела колекција од 1968 година. За „Валентино“ сега креираат Марија Грација Кјури и Пјерпоало Пичоли кои вчера прикажаа колекција од 47 комбинации во која доминира белата боја и светлите тонови, но има и тантела, мини или макси должина, транспарентни ткаенини, деликатни набори, серија на палта и наметки, заокружено со стил кој потсетува на 60-тите години. Настанот во стариот простор на музејот Витни го посетија познати личности, па покрај Холмс беа забележани Ана Винтур, Оливија Ман, Софија Копола, Оливија Палермо… „Ако нешто згрешите со белата боја, ако белите креации не се направени совршено, тогаш тоа е катастрифа“, рече Валентино Гаравани по ревијата, а неговата конечна оцена на креациите со нео-ретро силуета на Кјури и Пичоли беше „Извонредно!“.
Нема коментари