Модната куќа Барбери на стартот на Лондонската модна недела изведе модна ревија во шума, без публика, но обезбеди пренос во живо, малку неочекувано преку стриминг платформата за игри Твич. Ова е првата ревија на Рикардо Тиши и Барбери после карантинтон, а реализирана е според правилата за социјална дистанца.
Во колекцијата за пролет-лето 2021 Тиши понуди ново видување на британската класика на Барбери. Важен дел од секоја колекција на Барбери се мантилите и специфичното каро, овој пат Тиши прави нови верзии со интересни деконструирани кроеви и некогаш без ракави, во разни бои како интензивно порокалова и кобалтно сина, со разни финиши како кожа и тексас, понекогаш тоа се модели со насликани мотиви.
Колекцијата на Барбери се однесува на женската и машката мода. Колоритна е и нуди боја, но и поедноставни бели парчиња, има поурбана облека како маици и дуксери, богата е со принтови и цртежи нанесени на облеката, содржи тесни мрежасти фустани и високи чизми за девојките, впечатливи портокалови и сини комплети за момчињата.
Претставувањето не е само класична модна ревија низ некоја британска шума, преминува во перформанс на ерманската артистка Ан Имхоф и со муички настап на Елиза Даглас.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари