Британскиот луксузен бренд Бaрбери ја претстави својата прва ревија под водство на новиот креативен директор Даниел Ли, за време на модната недела во Лондон – и сосема неочекувано во колекцијата не видовме ниту еден беж мантил. Брендот со историја од 167 години, познат е по своите елегантни, функционални тренч-мантили измислени за време на Првата светска војна. Но, Ли, кој му се придружи на Барбери во септември, ја однесе модната куќа во сосема нов правец со деби колекцијата која што содржи карирано плетиво, вештачко крзно и пердуви, маици и блузи на кои е отпечатен слоганот „Ветришта на промени“, машки костуми, модели во виолетова, темноцрвена и темносина боја, разни капути и палта, фустани и здолништа со шари, удобна облека за сезоната есен-зима 2023/24.
Нема коментари