Наречена Patchwork, Pattern and Prints, новата колекција на британскиот бренд „Барбери“ за кој креира Кристофер Бејли навистина се состои од креации богати со принт и шари во бохо-стил. Бејли и „Барбери“ денес се претставија со ревија во рамките на Лондонската модна недела, а шоуто во Кенсингтон Гарденс почна со настап на музичарката Клер Мегваер.
И Бејли како и повеќето дизајнери го понесува расположението од 70-тите години и се навраќа на препознатливите изгледи од тоа време, преку облека со реси и цветен дезен, наметки со психоделичен принт и долги хипи фустани. На богатството од шари тој додава и пачворк ткаенини, животински и камуфлажен принт, а прави и нови верзии на легендарниот барбери-мантил во потемни нијанси и од шарени материјали.
Ревиите на „Барбери“ секогаш привлекуваат познати чичности, па во првиот ред седеа Кејт Мос со фотографот Марио Тестино и колешките Џордан Дан и Кара Делевињ, потоа Нуми Рапас, Палома Феит и Ли Лезарк.
Нема коментари