Дизајнерот на модната куќа Балман, Оливие Рустен, со новата колекција за пролет-лето 2021 нè врати во неговата омилена модна декада – 80-тите. На третиот ден на Париската модна недла тој претстави колекција во која доминираа креации со ултра нагласени и шпицести раменици, верзии на машки и женски одела, модели со сива боја, но и флуресцентно розова и жолта, светки и кристали на облеката и полежерни комбинации од џинс. Оливие од архивите на модната куќа Балман го позајми монограм-принтот инсприран од париските градини во облик на лавиринти, а кој го употребувал Пјер Балман во 70-тите.
Нема коментари