Италијанскиот креатор Џорџо Армани одлучи вчерашната ревија на Миланскаа модна недела да ја одржи без публика поради ширењето на корона вирусот во Италија. По два смртни случаи, 132 потрврдени заболени, Италија воведе заштитни мерки, ставање во карантин и ограничено патување и движење за десетици илјади жители во неколку северни градови. Исто така, затворени се повеќе институции и училишта, одложени се бројни настани, а италијанската влада го прекина одржувањето на познатиот карневал во Венеција.
После вчерашните мерки на италијанската влада дизајнерот Џорџо новата колекциа ја претстави зад затворени врати, како заштитна мерка да се избегне можноста за ширење на вирусот меѓу гостите. Тој колекцијата за есен-зима 2020/21 ја претстави во празна сала, а модната публика ја виде преку видео.
Нема коментари