Дизајнерот Антони Вакарело вели дека за новата колекција за есен-зима 2015/16 прикажана вчера на првиот ден од Париската модна недела, инспирација нашол во патувањето низ Америка, па оттаму миксот на кантри вестерн со париски шик. Главен мотив се ѕвездите, а доминанта боја е црната, со повремена употреба на бордо и кафени тонови. Вакарело продолжува со препознатливиот секси провокативен и понекогаш агресиевн стил, па претстави серија на мини тесни асиметрични фустани.
Нема коментари