Германскиот моден дизајнер Карл Лагерфелд на домашен терен, во музејот Bundeskunsthalle во Бон, се претставува на изложба која се однесува на неговото неколкудецениско творење. Како еден од најпрофилираните креатори на сите времиња, моден творец кој царува со модните писти во Париз и во Милано од средината на минатиот век до денес, Лагерфелд заслужува ретроспективна изложба која се однесува на работата на својата етикета, но и како креативен директор на познатите брендови „Шанел“, „Фенди“ и „Клое“. А поставката наречена Mode Methode што неделава се отвора во Бон е селекција на неговата работа што ја подготвија Леди Аманда Харлек, негова долгогодишна муза и конслутантка, и Реин Волфс, директор на музејот Bundeskunsthalle.
Изложбата е составена од 120 дела, модни креации, скици, видеоснимки од ревии, модни додатоци, преглед на рекламни кампањи, ретки фотографии на дизајнерот. Лагерфелд креира повеќе од 50 години, а покрај искуството на работа во „Балман“ и „Клое“, веќе со децении дизајнира за „Шанел“ и „Фенди“, а истовремено, пишува, фотографира и редобно ја коментира модната сцена. И не престанува да работи, секогаш со нов поглед кон иднината. Затоа Харлек вели дека ова не е ретроспектива, туку футороспектива. Илзожбата официјално се отвора за два дена, а ќе биде отворена до 13 септември.
Нема коментари