Американскиот бренд Келвин Клајн го ангажира младиот пејач Џастин Бибер како заштитно лице за новата кампања и не наиде на големо одобровување од страна на модната публика. Фановите на сега веќе 20-годишната тинерџерска ѕвезда веројатно уживаат во провокативната кампања на Келвин Клајн, но за голем дел од модните инсајдери Бибер е погрешен избор за брендот. Џастин позира покрај супермоделката Лара Стоун облечен во култните боксерки на брендот, додека така разголен ги открива своите тетоважи, но повеќето ќе забележат дека неговото тело е доста фотошопирано. Луѓето од Келвин Клајн со години креаираат маркетинг кој се базира на сексапилност и провокативност. Уште од 80-тите кога предизвика контроверза со кампањата на младата Брук Шилдс која изјавува дека нема ништо помеѓу неа и нејзините фармерки, преку рекламите со Марки Марк и Кејт Мос во 90-тите, до заводливите фотографии на Ева Мендес и Џејми Дорнан, рекламите биле провокативни, понекогаш забранувани, но барем клиентите се согласувале со изборот на позната личност како заштитно лице.
Џастин Бибер и Лара Стоун во новата кампања фотографирана од Мерт и Маркус
Да се потсетиме на дел од познатите рекламни кампањи на Келвин Клајн и на заштитните лица кои позираат во нив. Ќе забележите дека многу често во нив се појавуваат Кејт Мос, за која може да се констатира дека кариерата ја должи токму на рекламите за брендот од почетокот на 90-тите, како и Џејми Дорнан, познат машки модел и сега актер кого наскоро ќе го гледаме во филмската адаптација на „50 нијански сиво“. Преку модните кампањи Дорнан како добро да се навежбал за еротските сцени во долгочекуваниот филм!
Марки Марк, тогаш рапер, а денес актер, заедно со младата Кејт Мос во 1992 година во една од најкултните рекламни кампањи
„Нема ништо помеѓу мене и моите келвинки“, порача Брук Шилдс во 1980 година
Џејми Дорнан и Ева Мендез фотографирани од Стивен Клејн за кампањата за фармерки за пролет 2010
Секси прегратка меѓу Доуцен Крос и згодниот актер Чарли Ханам во реклама за парфемот Reveal
Легендата вели Кејт Мос и фотографот Марио Соренти, тогаш нејзино момче, заминале на пуст остров за да снимат серија фотографии за парфемот Obsession, а дизајнерот Келвин Клајн им дал одврзани раце сами да ја креираат кампањата
Кејт Мос и Џејми Дорнан (2006)
Келан Луц, уште еден познат актер во боксерки на Келвин Клајн
Зое Салдана во 2010 ја рекламираше женската колекција на долна облека
Џејми Дорнан повторно во провокативна реклама на Келвин Клајн, овопјат покрај манекенката Наталија Водјанова
Нема коментари