Десет лаптопи и 35 ученички прибори (ранци, тетратки, блокови, боици, моливи) ќе бидат донирани на оние кои им е најпотребно во рамките на хуманитарната акција „Среќна школска година“. Ресторанот „Four“ донира процент од профитот остварен во период од 23-ти до 30-ти јуни, а во соработка со „Проект среќа“ како што и ветија обезбедија прибор за децата со социјален ризик.
По повод отворањето на градината на ресторанот „Four“ , кои со „Проект среќа“ најавија дека секоја година ја организираат оваа хумана акција беа поканети многу музички имиња меѓу кои Павле Камилоски, Сара Мејс, Лео Ајдари и Антонија Гиговска.
- Голема благодарност до сите гости, соработници, партнери и вработени, кои не само сега туку и во изминатите пет години ни дадоа поддршка и лојалност, а тие за нас и во иднина ќе се нашиот приоритет. Со хуманитарната акција по повод отворање на градината на ресторанот “Four” ја продолжуваме мисијата како групација и како семејство Малиќи кон поддршка на општеството и маргинализираните групи. Особено ми е драго што собраните средства ќе одат за најмалите, оние кои се со најголем социјален ризик. Секое дете заслужува среќно детство и треба да има еднаков пристап до образование – истакна Алтин Малиќи, еден од сопствениците на Паркленд Хоспиталити Груп.
Покрај убавата музика сите гости имаат уникатно гастрономско доживување од готвачот Елефтериос Далагиоргис, а дружбите во амбиентот на новата градина придонесоа кон успешноста на оваа хуманитарна акција.
- Благодарност до ресторанот “Four“ што беа организатори на оваа хумана акција, како и гостите, а донираната училишна опрема и уреди за следење настава за децата во социјален ризик, за кои веќе со години се грижиме, ќе ни помогнат да усреќиме што повеќе деца и оваа година, истакна Кристина Арнаудова од „Проект среќа“.
Нема коментари