Гастрономијата и модата често се среќаваат, а повеќе дизајнери и модни куќи отвораат кафулиња, дискотеки и ресторани, еден во низата е брендот „Гучи“, кој деновиве го отвори првиот комплетен ресторан во Шангај. „Гучи“ веќе има тематско кафуле во Фиренца, во склоп на музејот Гучи, а ова е прв полноправен ресторан со потпис на италијанската модна куќа. Наречен е 1921 Gucci, во чест на годината на основањето на куќата, а сместен е во луксузниот трговски центар IAPM во Шангај, а во него се влегува со помош на лифт достапен од бутикот на „Гучи“. Во најголем дел нуди италијанска храна, на пример карпачо со ракчиња и со зелен аспарагус, брускети со тартуфи и тирамису од манго. Уреден е во елегантен и ненападен стил, со меки кадифени столици, дрво и златни детали.
Нема коментари