Барајќи совршена локација за својата нова ревија, Раф Симонс од „Диор“ заврши на југот на Франција, во футуристичката вила во облик на меури на Пјер Карден. Слично како Никола Гескиер кој минатата недела претстави нова колекција за „Луј Витон“ во куќата на американскиот комичар и водител Боб Хоуп, модерна градба дизајнирана од познатиот архитект Џон Лаутнер, сега Симонс кој исто така негува модернистичка естетика како колегата дизајнер, избра необично место со совршен поглед – вилата наречена Bubble Palace, сместена на ридовите над Кан, сопственост на францускиот моден дизајнер Пјер Карден, кој исто така присуствуваше на модниот настан што се одржа вчера.
Новата колекција на Симонс за „Диор“ е наменета за сезоната ресорт 2016 (може и да се најде и под референцата cruise), а се темели на архитектурата и футуристичката и модернистичка визија на дизајнерот. Главни состојки на новата колкција се мини должина, мрежести и материјалите кои личат на текстурирана фротирка, потоа кариран дезен, плетени фустани, плисирани здолништа, шпицести чевли со тантела, и секако, низа на чанти со потпис на познатиот француски бренд. Манекенките парадираа пред црвенкасто-кафени испакнати сфери од необичната куќа на Карден, а Симонс на ревијата ги покани Марион Котијар, Дакота Фенинг, Зое Кравиц, Мирослава Дума, Тереза Палмер.
Раф Симонс, креативниот директор на „Диор“, со Марион Котијар
Пјер Карден
Луси де ла Фелаз, Зое Кравиц и Мирослава Дума
Симонс со Дакота Фенинг
Нема коментари