Neymar Jr., фудбалската легенда на Paris Saint-Germain (PSG) и Replay амбасадор ја потпишува најновата капсулна колекција за водечкиот италијански бренд во премиум џинс секторот. Парчињата од оваа колекција го претсавуваат совршениот спој на автентичниот Replay стил со карактерот на бразилската ѕвезда. Колекцијата се состои од пет парчиња кои заедно креираат екстремно елегантен изглед во кој се посветува огромно внимание на деталите. Заедничко за сите парчиња од колекцијата е тоа што ги содржат боит не бразилското знаме на грбот со тоа славејќи ја родната земја на фудбалерот.
Едно до највпечатливите парчиња со сигурност е црната деним јакна со кожни ракави и префинети детали, како специјални патенти, бронзени метални елементи и еднобојна апликација на логото. Сето ова на парчето облека му дава урбана нишка, а во исто време го презентира и врвниот квалитет на изработка. Две ексклузивни кошули се исто така едни од подоминантните парчиња во колекцијата – едната од нив е од црн тексас со патенти и бронзени детали слично како јакната, додека пак другата е со црвено-црн кариран дезен и џебови во вестерн стил.
Целосниот изглед е комплетиран со Replay BIO џинсот направен од органски памук и рециклиран полиестер, со слим фит и прилично тесни ногавици. Овие фармерки го содржат исписот ‘Replay Neymar JR’ извезен на глуждот и задната страна од фармерките заедно со логото.
Колекцијата вклучува и еден мантил во “oversized” модел и кожни ракави.
Сите овие парчиња се безвременски, а тоа што го носат потписот на фудбалската ѕвезда ги прави уште поуникатни и вредни да се имаат и да се носат многу подолго од една сезона.
Парчињата од оваа впечатлива капсулна колекција можете да ги најдете во продавниците Replay и Fashion&Friends во Skopje City Mall, и на www.fashiongroup.com.mk.
Нема коментари