Еден од најистакнати и највлијателните готвачи во светот Ребе Реџепи чиј ресторан „Нома“ во Копенхаген со повеќекратни титули за најдобар ресторан во светот е пред нов предизвик – одлучи да го затвори ресторанот и на нова дестинација да отвори урбана фарма. Кумот на новата нордиска кујна, син на Данка и на македонски Албанец, во својата кујна најчесто користи свежи состојки и зачини кој сам ги одгледува, а сега оди чекор понапред. Тој надвор од центарот на Копенхаген го пречекува репортерот на NY Times во една напуштена, разрушена градба исшарана со графити, и тоа со зборовите: Добредојдовте во „Нома“. Реџепи објаснува дека ќе ја реотвори новата „Нома“ во 2017 година со ново мени и нова мисија. Главен столб на новиот бизнис ќе биде урбаната фарма со ресторанот во центарот, бидејќи според Рене многу е логично да се има сопствена градина во ресторан од овој калибар.
Планот на Реџепи е да изгради стаклена градина на покривот на новиот ресторан „Нома“, ќе го ископа асфалтот од околното земјиште и ќе донесе свежа земја, а дел од градината ќе биде пооставена на вода. Исто така ќе вработи искусен градинар со свој тим кој постојано ќе го надлегува производството во градината. Реџепи вели дека бизнисот во „Нома“ е активен и одличен, но сепак е време за драстична промена, односно како што самиот вели „драматична еволуција“ на ресторанот кој што води 12 години. Иако готвачот не е прв кој работи околу концептот на сопствена градина, ова може да стане иднината не само на „Нома“, туку на повеќе ресторани кои служат гости што претпочитаат свежа храна. Реџепи планира постоечкиот „Нома“ да го затвори кон крајот на градината, послднуиот оброк ќе го послужи на Нова Година, а да го реотвори во 2017 година. (К.Т.)
Нема коментари