Познатиот готвач Рене Реџепи претстави нов проект со кој од оваа есен ќе можете дома да готвите оброци инспирирани од неговиот повеќепати наградуван ресторан „Нома“ во Копенхаген. Имено Реџепи, еден од најдобрите и најистакнати светски готвачи, скоро две децении го истражува процесот на ферментација на храната и креирањето на гарум-сосови. Гарум се однесува на сос од риба кој се правел во антички Рим, денеска рибините сосови доста се користат во азиската кујна.
Иако гарум сосот традиционално се прави од риба, сол и ароматични билки, Реџепи се одлучи да експериментира во својата гастро-лабораторија и да креира нови варијанти. Така настана Noma Projects во чии рамки се лансираат првите два соса – вегански од димени печурки и вегетаријански од ориз и јајца. Првиот таканаречен Project 001 се овие два соса кои ќе почнат да се продаваат (нарачуваат) од есен. Со ова Реџепи и тимот на „Нома“ ќе овозможи дел од магијата на славниот ресторан да ја пренесете во својата кујна и на домашната трпеза.
Нема коментари