Екслузивниот ресторан „Нома“ на готвачот со потекло од Македонија, Рене Реџепи, е прогласен за најдобар во светот, според угледниот британски магазин „Ресторан“. Локалот, кој се наоѓа во Копенхаген, по четврти пат се најде во врвот на листата на 50 најдобри ресторани во светот. Реџепи кој е Албанец со татко по потекло од тетовското село Џепчиште, а мајката му е од Данска, е познат по неконвенционалниот прастап во готвењето, како и по користењето на на сè што може да се најде во природата како состојка во рецептите. Со години бил помошник кувар, а специјализиран е за јадења од пилешко. Наградата за најдобар ресторан ја освои и во 2010, 2011, 2012 и оваа година. Во 2012 беше прогласен за 11-ти највлијателен човек во светот, а се има појавено на насловната страница на весникот „Тајмс“. „Нома“ има само 45 места за седење, и долга листа на чекање со гости од цел свет.
„Ресторан“ секоја година издвојува 50 најдобри ресторани во светот за кои одлучува жири од околу 900 гастростручњаци. На топ-три листата на гастрономскиот магазин се главно локали од Европа. На второто место е шпанскиот El Celler De Can Roca, на трето италијанскиот Osteria Francescanaследуваат Eleven Madison Park (Њујорк), Dinner by Heston Blumenthal (Британија), Mugaritz (Шпанија) D.O.M. (Бразил), Arzak (Шпанија), Alinea (Чикаго, САД) и The Ledbury (Британија).
Нема коментари