Нова британска кул банда е во центарот на рекламната кампања на „Барбери“ за есен-зима 2015/16 фотографирана од Марио Тестино во Лондон. Брендот ангажира неколку млади ѕвезди во подем, како актерката Кјара Паџет, музичарот Том Одел и Ела Ричардс, внука на Кит Ричардс и ќерка на поранешната манекенка Луси де ла Фалес. Кампњата го следи рокенрол расположението од 70-тите години во модната естетика, а моделите, во кампањата носат разни модели на пончо со реси, хипи фустани и се разбира барбери-мантили. Кампањата е дополнета со видео, снимено од креатовниот директор на „Барбери“ Кристофер Бејли, со Супер 8 камера со што повторно се доловува расположнието од 70-тите.
Нема коментари