Париската модна куќа деновиве го обелодени првиот визуел од новата рекламна кампања фотографирана од Стивен Мајзел, а во која се појавуваат блондинките Саша Лус, Џулија Нобис и Ајрин Хемстра. На првите фотографии ги гледаме манекенките облечени во луксузни парчиња во златна, тиркизна и розова боја од пролетната колекција на „Ланвин“, а во преден план се и впечатливите чанти и накит дизајнирани за куќата.
Нема коментари