Козметичкиот бренд L’Oréal ја претстави новата кампања за прудрата True Match под слоганот „Ваша кожа, ваша приказна“, промовирајќи 33 нијанси кои одговараат на повеќе различни тонови на кожа, со што го подига гласот во борбата продив едноличноста во светот на убавината. Со ова компанијата сака да покаже дека нивната козметика не е наменета само за одредена група на жени, туку ги задоволува потребите на разновидни жени, кои ги краси индивидуална убавина и внатрешната вредност.
Рекламата за првпат е прикажана за време на доделувањето на наградите „Златен глобус“, а во неа учествуваат Блејк Лајвли, Лара Стоун, трансексуалниот активист Хари Неф, Дарнел Бернар, Сипријана Кван (сестрата на пејачката TK Wonder), plus size моделoт Сабина Карлсон, и други ликови со различна боја на кожа, коса, фигура, етничка позадина и интерес. Во неколкуте рекламни видеоспотови секоја личност ја раскажува својата приказна, на пример актерката Блејк Лајвли за првпат откри дека има потекло од Чироки Индијанците.
Нема коментари