Ѕвездите на социјалните мрежи сè почесто стануваат заштитни лица на кампањите на модните куќи. Модната индустрија изминатите години ја користи нивната популарност за доближување до помладата публика, која не гледа телевизија и не купува весници, а е активна на социјалните мрежи, „Фејсбук“, „Инстаграм“, „Твитер“… Следејќи го овој тренд, брендот Karen Walker сними реклама за својата нова линија на очила за сонце со најпознатото куче на „Инстаграм“. Имено, кучето Toast, од расата Кавалерски шпаниел на Кралот Чарлс, има повеќе од 150 илјади следбеникци на својот профил на популарната мрежа за споделување на фотографии. Необичната кампања на Karen Walker е една по низата смели реклами, по ангажманот на различни јунаци, како елегантни госпоѓи во години, слатки деца, жители на Кенија. Покрај кучето. Очилата на етилетата ги носи и женски модел.
Нема коментари