Метрополитен музејот на уметност во Њујорк ја најави новата тема за својата голема изложба во Институтот за костими што ќе се отвори во мај следната година – Rei Kawakubo / Comme des Garçons, а ќе биде проследена со гламурозната Мет Гала на која се појавуваат најважните ликови од модата и светот на забавата. Како што кажува насловот, изложбета е посветена на јапонската дизајнерка Реи Кавакубо која креира под брендот Comme des Garçons, а ова е првата монографска модна изложба во Метрополитен, по онаа за Ив Сен Лоран во 1983 година.
-Реи Кавакубо е еден од најважните и највлијателните дизајнери на изминатите четириесет години. Со тоа што нè поканува да ја преиспитаме модата како место на постојано креирање, рекреација и хибридност, таа ја има дефинирано естетиката на нашето време – вели Ендрју Болтон, куратор на Институтот за костими.
На изложбата ќе бидат прикажани околу 120 креации на Кавакубо кои датираат од првата колекција на брендот прикажана на писта во 1981 година, па сè до последните колекции. Парчињата ќе се бидат организирани по контрасни теми – исток/запад, машко/женско, минато/сегашност, теми кои ја засегаат фасцинацијата на Кавакубо за „нештото помеѓу“. Пред отворањето на изложбата закажана за 4 мај 2017 година, во првиот понеделник во месец мај, поточна на 1 мај, ќе се одржи Мет гала настанот кој е од добротворен карактер. Домаќини на следната гала се Ана Винтур од Vogue, Кети Пери и Фарел Вилијамс, а почесна домаќинка ќе биде самата дизајнерка Реи Кавакубо.
Нема коментари