Познатата британска дизајнерка вообичаено своите предесенски колекции ги претставува преку модна презентација која завршува со забава на која се заедно се дружат манекенките и гостите на настанот. Така беше и вчера во Harold Pratt House, луксузна куќа во Њујорк, на претставувањето на моделите за сезоната предесен 2014, на која се појавија познати личности и поддржувачи на модната етикета на Стела Макартни. Меѓу гостите беа и нејзините пријателки, исто така ќерки на познати рок ѕвезди, Лив Тајлер и Александра Ричардс (ќерки на Стивен и Кит), но и Хелена Кристенсен, Сузан Сарандон, Дри Хемингвеј и Алек Болдвин.
За презентацијата дел од куќата беше декориран со бонбони и прекрасни торти кои наликуваат на чантите од новата колекција инспирирана од сопственото детство на Макартни, особено од нејзината постара сестра Хедер која пораснала во времето на првата генерација на лондонски пакери. Нивните родители, Пол и Линда, не го поддржале нејзиниот интерес за панкот и го преселиле целото семејство на органска фарма подалеку од Лондон.
-Размислував за тој прекин на сестра ми и за тоа како се чувствувала. Кога ја создавав колекцијата, како основа ги земав грубите елементи од панк културата и ги направив помеки и помодерни – вели Стела за колекцијата која реферира на панкот преку црно-бели парчиња, карираран дезен, геометриски џемпери и палта кои потсетуваат на ќебе со реси. Повеќето стилови вклучуваат џиновски ракави, прозирни делови и графички цртежи од уметникот Гери Хјум. Макартни е вегетаријанец од раѓање и во своите модели никогаш не користи вистинска кожа или крзно, а овојпат се одлучи за „етичка“ волна која е во согласност со природата. Што значи во партнерство со Nature Conservancy и Ovis XXI во своите креации ќе користи волна од овци од Патагонија, произведена во согласност со новите стандарди за текстилна одржливост.
Нема коментари