Црвениот килим на Оскарите без сомнение секоја година привлекува големо внимание и одговорот на тоа тоа кој што облекол е „важен“ исто колку и тоа кој ја добил филмската награда. Во оскаровската ноќ гламурот царува, повеќе или помалку успешно, а по настанот со денови ќе се анализира кој бил најдобро облечен, а кој направил утка во изборот на облеката. Да, модата и дефилето на вечерни тоалети на црвениот килим често пати го краде филмскиот момент, а медиумите ќе пишуваат за ѓерданот на Лејди Гага кој вреди 30 милиони долари, за тоа колку блештеше фустанот на Џенифер Лопез, колку метри тул се искористени за креирање на фустаните, кои модни куќи доминираа и колку розови/ магента фустани избројавме на црвениот килим. Модниот бизнис, сепак, врти милиони долари, исто како и филмскиот.
Еве еден избор на фотографии од црвениот килим на вчерашното доделување на Оскарите.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари