Чкрташ и црташ по цел ден, а? Сè тоа ОК, сега има и зошто. Red Bull Doodle Art е супер шанса да ни ги покажеш цртежите… Вклучи се!!! Ова е само еден од повици да се вклучите во иновативниот проект со кој може да стигнете до главната награда – патување во Кејптаун во Јужноафриканската република, град кој е прогласен за престолнина на дизајнот за оваа година. Што треба да направиш? Земи Red Bull Doodle Art лист и пенкало или фломастер и препушти му се креативниот израз. Лист може да најдеш на твојот факултет, на селектирани места во градот или на www.redbulldoodleart.com. Претвори ја твојата чкртаница во вистинско уметничко дело. Откако набрзинка ќе се регистрираш на официјалниот сајт, прикачи го цртежот за да се најде во онлајн-галеријата, сподели го на сајтот на проектот, собирај лајкови и можеби ќе леташ за Кејптаун.
Red Bull Doodle Art ќе ги спои заедно најдобрите чкртачи на изложбата која ќе се оддржува во Кејптаун, од 24 до 26 октмври. Јужноафриканскиот град е избран за World Design Capital за 2014 година. Гласањето ќе се одвива на www.redbulldoodleart.com, од каде што 20 цртежи со најмногу лајкови ќе продолжат во финалето. За дваесетте финалисти ќе биде одржана изложба на фестивалот Skopje Street Festival (6 и 7 јуни), на која стучно жири составено од модната блогерка Јована Зука, илустраторот Горан – Indog и фотографот Димитар Петровски – Дими ќе одлучи кој ќе биде победникот.
Повеќе за правилата за учество на www.redbulldoodleart.com
Нема коментари