Дека иднината на модата е во рециклирањето покажуваат сè поубавите и поиновативните колекции од различни креативци од целиот свет. Една таква, успешна дизајнерска приказна е на онлајн продавницата Recycled Beautifully, која креира елегентен накит направен од отпад. Креативката Селина Ортиз со својот сопруг создаваат обетки и ѓердани од бакарни или алуминиумски жици, извадени од стар неупотреблив телевизор. Жиците ги намотуваат во вид на дрво околу камени приврзоци во впечатливи бои. Колекцијата наречена Tree of Life содржи стотина уникатни парчиња накит, што може да се набават преку нивниот сајт и на Etsy.
Нема коментари