За време на новогодишните празнувања и гозби сакаме да се засладие со некој десерт. Но, во последно време бираме здрави и вкусни оброци кои не содржат лоши состојки. Ваквите здрави десерти можеме сами да ги подготвиме, а во рецептите гледаме да ги избегнеме состојките на база на рафиниран шеќер, конзерванси, млечни производи, соја и глутен.
Еве еден таков едноставен рецепт за бомбици кои ќе ги одушеват љубителите на кокос и чоколадо:
Потребни се:
200 гр урми (измерени без семките)
100 гр кокос
20 гр какао во прав
150 гр мелени бадеми
70 гр кокосово масло
Подготовка:
Пресечете ги урмите на парчиња и ставете ги во вода да се киснат еден час. Потоа сомелете ги водата и урмите за да добиете кремаста смеса. Во таа смеса додадете го стопениот путер од кокос, па потоа сувите состојки – кокосот, бадемите и какаото. Пакетчињата кокос што вообичаено ги купуваме во продавница содржат кокос во форма на снегулки, па доколку сакате помазна структура сомелете го во блендер. Измешајте ги сите состојки и обликувајте ги бомбиците. Потоа извалкајте ги во кокос, какао, рендано црно чоколадо или по желба. Оставете ги неколку часа на ладно место пред да и послужите. Bon Appetit!
Нема коментари