Бомбици на база на рум е вистински избор за десерт кој брзо се подготвува и за кои не треба многу кулинарска умешност. Постојат повеќе верзии за овие рум-топчиња, еве рецепт за една од нив:
Состојки:
- 150 гр мелени бадеми
- 150 гр мелени ореви
- 250 гр мелени бисквити
- 30 гр какао во прав
- 120 мл рум
- 80 гр шеќер во прав
- сок од еден портокал
Подготовка:
Во сад ставете ги сувите состојки, додадете го румот и сокот од портокал и добро измешајте за да се соединат сите елементи. Покријте ја смесата и ставете ја во фрижидер 45 минути. Од оладената смеса обликувајте топчиња. Украсете ги по желба, така што ќе ги извалкате во кокос, шеќер во прав, какао во прав, мелени бадеми или во чоколадни трошки.
Нема коментари