Потребни ви се само три состојки за да го направие „облачестото лепче“, односно десертот што стана хит на ТикТок. Апликацијата ТикТок станува сè повеќе популарна, дневно се постираат различни содржини, како и рецепти за готвење. Еден таков рецепт последниве недели стана вирален, станува збор за Cloud Bread, лепче кое поради својата мекост и воздушестиот изглед потсетува на облак.
За овој рецепт што го започна @linqanaaa, потребни ви се само три состојки кои најверојатно ги имате во кујната – јајца, шеќер и пченкарен скроб. Прво изматете три белки од јајца со 30 гр шеќер и 10 гр скроб, а потоа смесата ставете ја на хартија за печење во форма на облаче. Ставете ја во рерна на 150° C и печете ја 25 минути. Кога ќе го извадите лепчето од рерна тоа ќе биде крцкаво од надвор и меко одвнатре.
По желба, додадете неколку капки прехранбена боја боја по ваш избор, парчиња јатки, сушено овошје, ситни парчиња чоколадо, а исто така можете да направите солена верзија и да додадете лук, сол, оригано и босилек.
@linqanaaaTruths behind the scenes. ##justforfun ##foryoupage ##fypシ ##fyp ##easyrecipes ##letscook ##cloudbread ##funnytruth ##yumyum ##letsbake♬ Lofi Chill – Louis Fine
@matthewinthekitchen Tik Tok’s famous cloud bread is so easy to make! Recipe from @linqanaaa ##fyp ##cloudbread ##baking ##easyrecipe ##bread ##cooking ##egg ##easybaking ##foodie ♬ She Share Story (for Vlog) – 山口夕依
@soflofooodieCOTTON CANDY CLOUD “bread” ☁️✨ ##cloudbread ##cottoncandy ##MiPan ##recipe ##chef ##tiktokfood ##viral ##marryme ##colorful ##fyp ##xyzbca
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари