Најпрво ги освоија блогосферата и социјалните мрежи, потоа се изборија за првите позиции на модните ревии, следуваа насловни страници на највлијателните модни магазини и милионски ангажмани за модните куќи. Од будни следбеници на модните случувања и лично, фановско следење на модата, блогерите станаа главни известувачи од најпрестижните настани и активни учесници во креирање на трендовите. Очигледен, следен чекор е да ги покорат телевизиите. Прво беа гостувањата во модните шоа, а следен и голем потег е нивно активирање во реалните шоуа. Со оглед на тоа што реалните шоуа е едни од најгледаните телевизискаи содржини, блогерите ќе добијат дополнителни следбеници, фанови и моќ во општеството.
Минатиот месец Style channel лансира ново реално шоу со петтте највлијателни австралиски модни блогерки наречено Fashion Bloggers. Во проектот може да се видат секојдневните ангажмани, згоди и незгоди на Аманда Шедфорт од Oracle Fox, Кејт Вотерхаус од истоимената платформа, Маргарет Зенг од Shine By Three’s , Сара Доналдсон од Harper & Harley и Занита Витингтон од блогот Zanita. Fashion Bloggers ја имаше својата премиера на 15 октомври на Style channel, на Foxtel. Девојките стационирани во Сиднеј имаат интернационална популарност, и огромна бројка на следбеници на во моментов најжешката социјлана мрежа-Инстаграм. Затоа се очекува програмата да добие светска популарност. Почнувајќи од минатат недела се емитува и на забавната телевизија „Е!“.
Нема коментари