По затворањето на ревијалниот дел на Моден викенд-Скопје од 8 до 10 април, од 18 до 21 часот во „Скопје сити мол“ ќе се одржи Ready To Wear Fashion & Music Marathon. Низ модниот и музички перформанс ќе нè води радиото Antenna 5. Во него комерцијалните брендови достапни во трговскиот центар„Скопје сити мол“ ќе ги прикажат своите најнови колекции. Настанот е отворен за сите посетители. Првата вечер (вторник) ќе може да се погледнат пролетните колекции на „Спрингфилд“, LTB, „Манго“ и Celio. Наредниот ден ќе се одржат ревиите на „Окаиди“, Fashion & Friends, „Арабеска“ и Bitsiani. Во четврток се презентациите на Aftershock London и на P.S. Fashion.
Нема коментари