Секогаш е добра идеја во сивите и студени зимски денови да облечете некоја ведра боја, која ќе го покрене не само вашето расположение, туку и на сите околу вас. Оваа сезона розовата боја има голем камбек во секојдневната мода. На улиците на големите центри за време на одржување на модните недели можеа да се забележат интересни стајлинзи со розови џемпери или блузони. Минатата година тоа беше и најзастапената боја во уличната мода, а веќе доминира и во колекциите на high street брендовите како „Зара“, „Манго“, „Бершка“, H&M и други.
Најносени се џемперите со крупна плетка и со дебела волница, како и плетените ролки. Често во стајлизните на познатите блогерки се среќава и уште едно розово парче, покрај џемперот, како капата, шалот, детал на капутите, чантите, чевлите, па некои комбинираат и со здолниште или панталони во тој тон. Ќе се изненадите колку розовата е лесна за комбинирање, па дури и со навидум неспоиви бои, како црвената, жолтата и порокаловата. Одлично одговара со секакво џинс парче, со сива, бела, црна, крем, темносинаи други.
Добро одговара и со разни дезени, како црно-белите, цветните, или пак животинските шари. Розовата боја доста е присутна и кај кошулите со карнери, како и кај кадифените модели , кои се сега актуелни. Нема да изгледате несериозно ако ја примените и во деловниот дрескод, во случајов со џемпер со потенка дискретна плетка. Тоновите се најразлични, од пудра розово, преку бебешко розова, кармин розова, па сè до магента.
Нема коментари