Неколку дена пред почетокот на премиерното издание на the Gentlemen’s Expo, првиот саем за мажи посветен на стилот и начинот на живот на машкиот пол и на најновите трендови од машкиот свет, разговаравме со Ивана Новакова Куновска и Марија Зекмановска Митреска, сопственички на Боттега Евенти и организаторки на настанот. Тие ни кажаа повеќе за содржината и активностите на саемот што ќе се одржи на 24 и 25 февруари во изложбениот салон на BMW и MINI во Скопје.
Во тек се подготовките на првиот the Gentlemen’s expo, што ве поттикна да организирате настан посветен на мажите и која е целта што планирате да ја постигнете?
-Подготовките за настанот се во полн ек. Ваков тип на настан се организира за прв пат во Скопје, а идејата за истиот се крчка веќе две години. Мораме да признаеме дека првичната идеја за овој настан имаше поинаков облик, но по детално истражување увидовме дека кај нас нема настан кој е целосно посветен на мажите и нивниот начин на живот. Токму тоа е и целта на овој настан, мажите да имаат можност да се поврзат со брендовите кои ќе го збогатат нивното секојдневие, а во исто време и да дознаат нешто повеќе за истите.
Gentlemen’s expo е закажан за 24 и 25 февруари, кажете ни што поточно ќе се случува во тие два дена? Какви содржини планирате да спакувате и кои машки брендови ќе учествуваат?
-Настанот се отвора за посетители на 24 февруари во 10 часот и ќе трае до 18 часот. Влезот е слободен така што ги покануваме сите ваши читатели своето саботно кафе да го испијат во просториите на BMW и MINI. За тој ден планираме разновидна едукативна и забавна програма која ќе започне од 11 часот, а за нејзиното спроведување ќе биде задолжен модераторот на овогодинешниот Gentlemen’s Expo, Александра Пановска.
Посетителите ќе можат да слушнат предавања од Др. Андреј Петров, дервматовенеролог во клиничката болница Аcibadem Sistina, кој ќе говори за ќелавоста кај мажите како проблем за кој постои решение. Божиновски часовници ќе имаат своја презентација и ќе ги откријат тајните на вашиот часовник. Signori ќе ја споделат својата успешна бизнис сторија, а воедно ќе оддржат и демонстрација на врзување на вратоврска. Dioptra Couture ќе бидат задолжени за совети за заштита на видот од електрични уреди и корекција на видот по 40-тата година. Исто така ќе ја презентираат и Drive Safe технологијата кај очилата. Дуна Компјутери како овластен застапник на Garmin Connect ќе ја покажат функционалноста на уредот. Заедно со Bovin Винарија ќе дознаеме нешто повеќе за виното. Мотоцентар подготвуваат интерактивна програма на својот штанд како и изненадувања за посетителите. За оние кои сакаат фотографија Пикс Плус ќе ги презентира своите брендови за фотографија и видео опрема. Љубителите на впечатлив ентериер ќе може да се запознаат со уникатните парчиња мебел на Smart Living.
Во недела на 25.02.2018 саемот се отвара во 10 часот и посетителите ќе имаат можност да му постават прашања на Др. Даниел Петровски, уролог од клиничката болница Acibadem Sistina кој ќе зборува за најчестите проблеми кај машкото здравје. Спорт во фокусот оваа година е мечувањето. Во соработка со Мечувалечка Федерација на Македонија ќе се оддржат часови по мечување. Академија за Протокол заедно со д-р Лукреција Маљковиќ Атанасовска ќе зборуваат за модерниот маж и современата етикеција.
Според ова саемот ќе опфати повеќе интереси на мажите од мода преку технологија, уредување, автомобили, готвење до машко здравје, кои дополнителни активности ќе бидат дел од настанот?
-Покрај горенаведените активности, во текот на двата дена од настанот ќе имаме Open Barber Shop каде посетителите ќе можат да добијат совети во врска со нивниот стајлинг на брада и бркови и нивната фризура, а истовремено и да ги искусат вештите раце на искусните бербери од бербер студиото Попај. За негата на машката коса и кожа ќе бидат задолжени American Crew со своите производи. Во Gentlemen’s Bar посетителите ќе можат да го испијат своето Attibassi Café заедно со MaYa вода како и да пробат уште многу пијалоци и храна. Во недела на 25.02 во Gentlemen’s Life Kitchen своето искуство и вештини со посетителите ќе ги споделат искусните шефови Mark и Никола.
Во саботата, на 24 февруари, планирате моден перформанс наречен Gentlemen’s Square…
-Gentlemen’s Square интеракцијата ја планираме на 24.02 со почеток од 16 часот на која според однапред исцртано сценарио од страна на нашата позната дизајнерка Marrigucha ќе се одвива своевиден интерактивен перфоrманс на посетителите со брендовите кои се изложуваат. Урбаните џентлемени и поддржувачи на настанот Distinguished Gentlemen’s Ride ќе бидат дел од оваа парада и посетителите одблиску ќе можат да се запознаат за начинот на пријавување и учество во овој настан како и начинот за донирање во Movember Foundation.
Целокупниот перформанс ќе биде проследен со видео и фотографија кои по настанот ќе бидат објавени и за оние кои нема да бидат во можност да не посетат годинава. Ги покануваме сите оние џентлемени кои не се срамежливи да дојдат во просториите на BMW и MINI да го покажат својот стил и да ни се придружат на Gentlemen’s Square.
Каква публика очекувате да го посети саемот и кого сè поканувате да дојде и пронајде интересен аспект од машкиот животен стил?
-Очекуваме џентлмени кои знаат што сакаат и кои сакаат да научат уште нешто плус за нивниот начин на живот, но и џентлмени кои сакаат да следат одреден стил на живот, па токму на ова место ќе можат да ги пронајдат оние мали нешта кои ќе им помогнат да бидат поразлични од останатите. Секако дека во оваа приказна не ги заборавивме и дамите кои се добредојдени на овој настан и за кои имаме специјално изненадување од познатиот косовски креатор Valdrin Sahiti.
Што претставува да си џентлмен во 21 век? Постојат ли џентлмени во Македонија?
-Џентлмен во 21 век е многу повеќе од добро облечен маж. Тоа е состојба на умот, начин на живот. Џентлмен значи почит. Почит кон самиот себе и почит кон сите останати. Џентлменот инспирира.
Џентлмени во Македонија секако дека постојат, иако сметаме дека можеби не се премногу експонирани во јавноста, но се добро познати во круговите во кои се движат. Токму и тоа сакаме да го постигнеме со овој настан, да ги откриеме скриените џентлмени кај нас, да ги запознаеме и да ги натераме несебично да ни ја откријат нивната филозофија позади џентменскиот начин на живот.
Зошто токму жени го организираат настанот посветен на мажи?
-А зошто да не? Не би сакале да му дадеме родова конотација на самиот настан, иако многумина може самиот назив на истиот да го протолкуваат во таква насока. Ние веруваме дека џентлменството како начин на живот може и мора да го применуваат и мажите и жените. Двата пола треба да се стремат кон што поквалитетен начин на живот со свој сопствен печат. Се надеваме дека со овој настан ќе успееме да го сториме токму тоа – да едуцираме и да понудиме интерактивни забавни содржини за кои ќе се зборува сè до следното издание на Gentlemen’s EXPO.
ПРОГРАМА НА THE GENTLEMEN’S EXPO
Нема коментари