По завршување на работниот ден, со почеток од 17 до 20 часот утре (петок) дизајнерката Росица Мршиќ во своето студио во центарот на Скопје организира распродажба и дружба со своите клиенти. Во очекување на моделите за претстојната пролет, креатирката ги става на распродажба останатите креации од претходните колекции. На дел од моделите ќе има попусти и до 80 отсто.
Мршиќ е актуелна со колекцијата за есен-зима 2017/18 MUSE, која е инспирирана од американската фотографка, артистка и модел Ли Милер, која восхитува со својата храброст, слободен дух и креативност.

Росица Мршиќ е актуелна со колекцијата за есен-зима 2017/18 MUSE
Нема коментари