Холивудскиот актер Рајан Рејнолдс стана новиот амбасадор на производите за мажи на L’Oreal Paris. Тој потпиша договор со козметичката компанија, кратко откако неговата сопруга, Блејк Лајвли стана заштитно лице на нивните производи за коса. Триесет и седумгодишниот канадски актер деновиве сними реклама со фотографот Кенет Виларт. На сетот за прозиводот Men Expert Hydro Energetic тој е во костум, потсетувајќи на Џејмс Бонд, некои сцени се на дожд, други во акција, а му се продружува и атрактивна манекенка.
Нема коментари