Откако гигантската компанија Apple го купи водечкиот аудио бренд Beats by Dre, основан од страна на познатиот американски рапер Др. Дре, челниците одлучија да го вселат брендот во нови канцеларии во калифорнискиот град Калвер сити. Beats by Dre стана познат по иновативните супердизјанирани слушалки и по музичкиот онлајн-сервис Beats Music, а во мај годинава раперот ја продаде својата компанија на уште поголемата компанија Apple за фантастични 3 милијарди долари.
Новиот простор на Beats by Dre голем се простира на 10 илјади квадратни метри ќе биде работно место за преку 650 вработени, а е дизајниран од страна на архитектонското студио Bestor Architecture под мотото забава и игри. Архитектите и декоратерите се одлучија за изглед во јаки бои, пространи канцеларии со панорамски прозори, безброј катчиња за креативен брејсторминг, но и голема кантина, кино сала и библиотека. Компексот е составен од три згради во кои sе сметсени одделите за истражување, дизајн и развој на производите на Beats by Dre.
Нема коментари