Дизајнерката на современи модни додатоци Елена Ристовска одржува серија еднодневни работилници за накит од месинг.
-Ова е почеток на една нова дружба со накитот. На овие еднодневни работилници (од четири часа) ќе можете да си изработите по ваша замисла пар обетки, привезок или пак прстенче од месинг. На работилницата заинтересираните може да дојдат сами или пак да си поканат другарка која е исто толку креативна како нив и на тој начин и двете ќе си добијат намалување на цената која е предвидена за работилницата-вели Елена.
На програмата на работилницата, покрај тeoретскиот увод за подготовка на материјалот, ќе се учи и работа по модел: начин на пренесување на дизајнот на парчето месинг, дообработка негова, лепење на наушниците, можност парчето да се украси со епоксидна смола.
Пријавувањата се во тек на следниот линк.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари