Работилници за модна илустрација , како и за изработка на накит од епоксидна смола, од фузирано стакло, филигран, филц, типографска керамика и други ќе бидат дел од програмата на на третотто издание на Интернационалниот саем на современа уметност „Паратисима Скопје“ . Фестивалот ќе се одржи од 10-12 јуни во Младинскиот културен центар, Скопје.
Работилница за модна илустрација, која ќе ја води креаторката Мелани Димитровска, е со цел да го претстави креативниот процес преку кој се создава една колекција. Учесниците ќе изучат некои аспекти на модната илустрација и колажот кои ќе им служат како алатки за развивање на модната идеја. Низ оваа работилница учесниците ќе имаат можност да се запознаат со целиот креативен процес, односно развојот на идеи од првичната замисла, па сѐ до реализираниот моден производ. Модните илустрации што ќе се произведат во оваа работилница ќе бидат изложени на последниот ден од изложбата на фестивалот „Паратисима Скопје, 2016“.
Работилницата за накит од епоксидна смола ќе се одржи под менторство на Марија Манева во Центарот за занаети „АРТиЗАН“ на 4 и 5 јуни (сабота и недела). Работилницата за накит од епоксидна смола е наменета за сите лица кои се заинтересирани за учење на нови техники и вештини на креативно изразување. Употребата на епоксидната смола (течно стакло) како основен материјал за изработка на накит дава широки можности за експериментирање, а специфичните својства на материјалот се одлични за изработка на префинети и уникатни модни додатоци. Со посетата на работилницата, учесниците ќе го научат целиот процес за изработка на накит од епоксидна смола – обетки, прстени, брошеви, ланчиња и други модни додатоци. Секој учесник на работилницата ќе добие сет од потребни материјали за работа (епоксидна смола 30 мл, едно пакување полимерна глина, механизми и конектори за накит, ракавици, маска, шпатула, сад за мешање, калапи, елементи за вградување во калап, печатени информативни материјали). Бројот на учесници е ограничен на 10 лица. Пријавувањето за работилницата трае до 31.05.2016, на windmilljewelry@gmail.com со наслов „Работилница за накит од епоксидна смола“, име, презиме и телефонски контакт од пријавениот учесник. Цена за учество е 2.500 МКД.
Работилница за изработка на филигран ќе ја водат Моника Лозановска и Александар Баки Милев на 3, 4 и 5 јуни (петок, сабота и недела) во Капан Ан (Стара скопска чаршија) во просториите на здружението на филигранисти на Макеоднија. За време на работилницата ќе се изучуваат основите на филигранството и ќе се изработува еден предмет (привезок) кој учесникот го задржува за себе на крајот од работилницата. Оваа работилница е погодна за оние кои би сакале да ја користат филигранската техника за изаботка на накит, да ги совладаат основите на техниката преку изработка на привезок, обетки или поедноставни алки со можност подоцна да продолжат на интензивен курс каде што би ги научиле сите форми и техники од кои се состои македонскиот филигран. Во цената за учество од 6.500 МКД се вклучени среброто за изработка на привезокот и употребата на сите алатки потребни за изработка и совладување на техниката. Пријавувањето за работилницата трае до петок, 27 мај, а пријавите треба да се достават на filigran@ymail.com со наслов „Пријава за работилница за изработка на филигран“, име, презиме и телефонски контакт од пријавениот учесник.
Работилница за изработка на накит од фузирано стакло ќе се одржи на 4 јуни (сабота) во Центарот за занаети „АРТиЗАН“, а ќе ја води Луи-Стил, во соработка со „Паратисима Скопје“ и Македонската Артисанска Трговска Асоцијација „МАТА“. На работилницата ќе може да се научи што е фузирано стакло, како се користи и за што сѐ може да се употреби и обликување на накит. Секој учесник ќе добие материјали за работа доволни за изработка на 1 парче накит, неискористените материјали како и направениот накит по завршувањето на работилницата учесниците ги задржуваат за себе. Бројот на учесници е ограничен на 10 лица, а цената за учество е 1.600 МКД. Пријавувањето за работилницата трае до петок, 27 мај, а пријавите треба да се достават на luiza@t-home.mk со наслов „Работилница за изработка на накит од фузирано стакло“, име, презиме и телефонски контакт од пријавениот учесник.
Работилницата за филц, која ќе ја води Љубица Антевска ќе се одржи на 4 и 5 јуни во „АРТиЗАН“. Курсистите ќе научат што е филц, како се користи и за што сѐ може да се употреби, обликување на накит, и други додатоци од филц. Секој учесник ќе добие материјали за работа доволни за изработка на 2 парчиња додатоци, и направените производи по завршувањето на работилницата учесниците ги задржуваат за себе. Пријавувањето за работилницата трае до петок, 27 мај, а пријавите треба да се достават на bubask_mk@yahoo.fr со наслов „Работилница за филц“, име, презиме и телефонски контакт од пријавениот учесник. Цена за учество: 2400 МКД.
Работилница за изработка на типографска ќерамика ќе се одржи на 11 jуни (сабота) во Артизан Центар за занаети; „Керамика Кафе“ – (спроти Куршумли Ан), Стара Чаршија, Скопје со уметниците Татјана Ристовска и Борче Богоевски. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со целиот процес на рачна изработка на керамика како и со 3 засебни техники кои ке може да ги применуваат на конкретната работилница. Претходно искуство со керамика не е потребно. Тие ќе бидат водени од двајца уметници (вајар и сликар), чија задача ќе биде да помогнат во Склопување на идеите кои ги имаат учесниците поткрепени со примери и насоки од многу креативни решенија. Секој учесник ќе добие црвена глина доволна да направи пет големи букви (еден збор) или отпрл. 15 мали букви(за помала реченица, порака или квота). Откако ке се исушат и испечат изработките остануваат за учесниците. Бројот на учесници е ограничен на 10 па затоа побрзајте и резервирајте го вашето место. Пријавувањето за работилницата трае до 1 јуни 2016 а пријавите треба да се достават на keramikacafeskopje@gmail.com со наслов „Работилница за изработка на типографска керамика |Ѕидна декорација или силна инспиративна порака од керамика“, име, презиме, телефонски контакт од пријавениот учесник и фотографија од уплатницата. Цена за учество: 1500 ден.
Нема коментари