Старата техника на рачно везење ќе може да се изучи на еднодневната работилница што Damaja Handmade, зад која стои архитектката Стефанија Пејчиновска, ќе ја одржи на 30 октомври (недела) во „Концепт 37“. На курсот, кој ќе трае од 16-20 часот ќе ги научите основните подготовки и техники за рачно везење.
-За време на работилницата ќе креираме везен дизајн од кој подоцна може да изработите аксесоари или ѕидна декорација. Доколку имате некој цртеж/дизајн кои би сакале да го извезете и/или облека на која сакате да везете земете ги со вас. Доколку немате ќе ви бидат обезбедени текстили и патерни на кој ќе може да ги вежбате и совладувате новонаучените техники. Везењето е медитативен процес. Препуштете се на имагитивноста и ослободете ги мислите. Дозволете интуицијата да ве води при секој повлечен конец за да креирате производ кој ве отсликува. Никакво претходно познавање не е потребно. Секој е добредојден-се вели во соопштението на Damaja Handmade.
Работилницата ќе трае 4 часа, а цената за учество е 600 денари, со тоа што ќе ви бидат обезбени сите материјали потребни за работа, конци и ѓерѓев (обрач за оптегнување на материјалот). Бројот на места е ограничен. Прашања и пријавување во инбокс или на меил: contact@damajahandmade.com
Нема коментари