Препознавајќи го значењето на креативните индустрии како медиум за остварување на интеркултурната комуникација, промовирање на знаењето и вештината на креативците, можноста за нови вработувања, зголемување на економската размена и афирмација на претприемачкиот дух, во периодот од 9 до 11 јуни 2016, ќе се оддржи петтото издание на фестивалот, под слоганот Поврзи ме со креативност –Hub Me With Creativity. Фестивалот ќе се одржи на локацијата на стариот аква парк – Плаја Виста, Скопје. Во претстојните три фестивалски денови ќе имате можност да ги проследите настапите и искуствата на реномираните гости од Европа. Меѓу нив е и Викторија Новак од Полска, млада дизајнерка на текстил која периодов живее и работи во Лоџ. Во 2016 година дипломира на Одделот за текстилен дизајн на Техничкиот универзитет во Лоџ (додипломски студии). Таа претежно е ангажирана во дизајн на текстил за мода и ентериер, но исто така изработува илустрации и графички дизајн. Нејзиниот проект Лад- џекард ткаенини беше повеќекратно изложен на Лоџ дизајн фестивал 2015, Награди за сценски дизајн и шоу, 2016, XXI Триенале во Милано.
Новак ќе настапи со едукативна презентација на Фестивалот, насловена „Размислување за текстил.“ Целта на презентацијата е да ги едуцира посетителите како одлуките на дизајнерите делуваат врз изгледот на текстилните производи, заднината на дизајнирање на текстил при модифицирање на изгледот и карактерот на текстилот. Скопје Креатива како проект – платформа за развој и поддршка на креативните индустрии во Скопје е под покровителство на Град Скопје, а во организацијата на ЈУ Конгресен центар Александар Македонски – Скопје.
Нема коментари