Работилница за накит од епоксидна смола, водена од дизајнерката на накит Марија Манева од брендот Windmillshop, ќе се одржи на 25 и 26 февруари (сабота и недела) во Центарот за занаети- АРТиЗАН во Старата скопска чаршија. Обуките ќе траат од 11 до 16 часот. На курсот ќе се научи што е епоксидна смола (течно стакло), како се користи и за што сѐ може да се употреби. Манева ќе предава како да се обликува накит, употребата на калапи, излевање, вградување на фотографии, предмети и природни цветови, како и сушење, завршни техники и полирање.
Епоксидната смола или позната како течно стакло е одличен материјал преку кој можете да ја изразите целата своја креативност. Со посетата на оваа еднодневна работилница ќе го научите целиот процес за изработка на накит од епоксидна смола – обетки, прстени, брошеви, ланчиња. Секој учесник ќе добие материјали за работа доволни за изработка на 10 парчиња накит, неискористените материјали како и направениот накит по завршувањето на работилницата учесниците ги задржуваат за себе. Бројот на учесници е ограничен на 10 лица. Повеќе информации може да добиете преку фан страницата на Windmilljewelry како и на windmilljewelry@gmail.com.
Нема коментари