Изработка на шаблони за печатење на керамика, платно, мебел, ѕидови, хартија и друго ќе може да се научи на еднодневната работилница што на 8. мај (недела) ќе се одржи во Keramika Cafe ( Make your own Ceramics). Курсот ќе трае од 10.30 до 14.30 часот.
Принтањето со шаблони нуди многу креативни можности и комбинации, како во изборот на материјали врз кои може да се печати, така и во слободата да се искреира дизајн и композиција по сопствена потреба и желба . На работилницата за изработка на шаблони, посетителите ќе се запознаат со неколку техники кои се прилагодени за работа во домашни услови : печатење и изработка на сито; изработка на пластифициран шаблон за повеќекратна употреба; правење монопринтови со желе подлога; декорација со рачно изработени печати и комбинација на сите овие техники.
Секој учесник ќе добие материјали за работа и ќе има можност да ги испроба наведените техники на материјал по соствена желба. Изработените шаблони, неискористените материјали и испринтаните работи со шаблоните, учесниците си ги задржуваат за себе.
Нема коментари