АРТиЗАН – Центарот за занаети во Старата скопска чаршија викендов ќе се адаптира во работилница за изработка на накит од епоксидна смола. На обуката водена од Windmillshop, зад кој стои дизајнерката на накит Марија Манева на 29 и 30октомври (сабота и недела) во термините од 11 до 16 часот ќе се научи што е епоксидна смола (течно стакло), како се користи и за што сѐ може да се употреби. Ќе биде презентирано како да се обликува накит, употребата на калапи, излевање, вградување на фотографии, предмети и природни цветови, како и сушење, завршни техники и полирање.
Епоксидната смола или позната како течно стакло е одличен материјал преку кој можете да ја изразите целата своја креативност. Со посетата на оваа еднодневна работилница ќе го научите целиот процес за изработка на накит од епоксидна смола – обетки, прстени, брошеви, ланчиња. Секој учесник ќе добие материјали за работа доволни за изработка на 10 парчиња накит, неискористените материјали како и направениот накит по завршувањето на работилницата учесниците ги задржуваат за себе. Бројот на учесници е ограничен на 10 лица. Повеќе информации може да добиете преку фан страницата на Windmilljewelry како и на windmilljewelry@gmail.com.
Нема коментари